Прилепчани денес активно зедоа учество во првиот од четирите предвидени денови „Отворен ден во твојата општина, биди дел од промените што носат иднина“.
Локалната самоуправа на општина Прилеп заедно со граѓаните го креира буџетот за 2023 година.

Слушнавме одлични идеи и предлози за многу проекти кои што ги засегаат сите наши сограѓани, во сите населби и Урбани заедници и сигурен сум дека голем дел од нив успешно ќе ги реализираме. ВМРО-ДПМНЕ е секогаш со народот. Целта на овие средби е да ги слушнеме нашите сограѓани и да им излезиме во пресрет на нивните потреби, барања и предлози-вели градоначалникот Јовчески.

Денес во посета, а на наше огромно задоволство беше пратеникот Зоран Јованчев.
Исто така денешниот отворен ден во Општина Прилеп го искористија и група на млади од Пелагонискиот регион кои што во рамките на нивната обука за „Известувачи на заедницата“ имаа прилика да ме прашуваат а јас со задоволство одговарав на нивните интересни прашања поврзани со тоа како функционира една Локална самоуправа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.