Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино, мака ми е што лежев заради ваквите како Заев, порача денеска актерот Владо Јовановски, споделувајќи ја снимката од журкањето на Венко Филипче и Зоран Заев во Дубаи.

Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија.
Мало сутра! 
Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино,
мака ми е што лежев заради ваквите како Заев.
А за тој пандемискиот министер за здравство не ми се ни зборува, неважен е, освен заради бројот на умрените од ковидот.
Додека јас и многумина, уште ги трпиме последиците од „жигосувањето“…
Додека браќата од 27 ми сè уште се во затвор,
некои Богами си се веселат! До душа крајно кичерајски, ама тоа е нивното ниво, за вкус закон нема!
Но, се плашам дека и за висок криминал и корупција, закон нема.
Барем сè уште таква е реалноста …
Ако нема одговорност за сторените недела, ако виновниците немаат име и презиме, тогаш се испраќа порака дека, сè е дозволено!
А тоа е многу опасно!
Затоа ОД ГО ВОР НОСТ!
Не од утре, туку уште од вчера.
Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува, порача Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.