Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, на социјалните мрежи искажа поддршка за референдумот против асимилација и бугаризација, што го најави ВМРО-ДПМНЕ.
Договорот со Бугарија наместо да ги унапреди меѓусебните односи во областа на економијата, инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, здравството, туризмот и сите други области за кои декларативно се согласни двете страни потписнички на истиот, создаде длабок јаз и нетрпеливост меѓу двата пријателски народи.
А, штом народот не се согласува со одлуките на власта, со активно граѓанско учество, сам донесува одлуки со кои ја трасира својата иднина.
Неопходен е референдум со задолжителна примена на исходот од него, затоа што секоја нормална власт, мора да биде слуга, гарант и извршител на волјата на граѓаните! – порачува Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.