Жалосни се податоците кои пристигаат до нас, имаме и економски совет во рамки на локалната самоуправа, на дневна основа комуницираме со правните субјекти, и како што ние сме соочени како локална самоуправа со енергетската и финансиска криза уште повеќе се соочени компаниите кои треба да се генератор на економијата и развојот на една општина и една држава, изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов за „Што не е јасно“ на Алфа.

Тој додаде дека кога ги оптеретувате со зголемени давачки и даноци компаниите и со трошоци кои се оставени на слободниот пазар и тие не може никој да ги испланира, во најмала рака сите тие компании се неконкурентни на компаниите, не само од Европа туку и регионот.

– Домашните компании имаат повисоки трошоци од компаниите во Косово, Албанија, Бугарија, Хрватска или Србија и нормално дека производите и услугите кои ги пласираат на пазарот ќе биде повисока и не се конкурентни да опстојат, истакна Јорданов.

Јорданов посочи дека овде алармот требаше да биде вклучен многу порано затоа што компаниите алармирале дека ќе дојде до затворање на производствените погони, и државата многу одамна требаше да изготви мерки и за општините и за компаниите.

– Тоа е еден синџир на поврзаност и доколку ги уништите компаниите и ако граѓаните не земаат плата, бадијала ќе биде субвенција која ќе ја давате на граѓанството. Компаниите треба да бидат субвенционирани да бидат конкурентни на пазарот. Тоа не се случува, општините и компаниите плаќаат највисока електрична енергија во регионот и Европа и прашање на време е кога истите ќе ја преселат инвестицијата во соседна држава, а вработените ќе останат без плата, нагласи Јорданов.

Додаде дека ако се уништени компаниите, тогаш општините ќе не можат да наплати данок, а исто и државата.
Ќе има невработеност, намалени приходи затоа што ќе нема кој да плати данок и тогаш и да воведувате мерки ќе е касно. Ќе ни се случи банкрот на државата и прашање на време е. Алармот е вклучен, жалам што никој не смогна сили да се седне на маса и да ја надминеме оваа криза. Оваа зима ќе биде најтешката од осамостојувањето, изјави Јорданов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.