Имавме доста турбулентен период во изминативе 100 дена. Не само што направивме неверојатен пресврт на политичката сцена во Република Македонија, туку општините ги вративме на вистинскиот колосек. Работата во локалните самоуправи повторно едно значително високо ниво и наместо како нашите претходници, да си одиме со завршување на работното време, не само ние туку и на вработените во општинските администрации им воведовме нов начин на функционирање кој значи целосна предаденост и жртва во работата, ова денеска го истакна градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за време на неговиот говор на настанот „100 дена локална власт- отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ организиран во Кочани
Јорданов потенцираше дека ефикасноста во работата на Општина Штип се утврди уште во првите 100 дена и наместо да се прекине со сите започнати проекти заради суета, политичка гордост и некоректност како што претходно се правело, со експресен од се заврши почнатото, а веќе се реализира визијата која е понудена на граѓаните во изборната програма.
Тој наведе и низа проекти кои се реализираните во изминатите 100 дена
За нецели 3 месеци воведов нов принцип на работа. Веднаш почнавме со асфалтирање на улици каде долго време поради несериозниот пристап на претходните функционери, жителите на неколку улици на урбаната област на градот газеа во кал. Во централното градско подрачје, за неверојатни 2 месеци го завршивме првиот опфат од конзолата на улица Васил Главинов. Во населба Караорман вложивме 2,4 милиони денари во асфалтирање на неколку улици, а истото го направивме во населбите Железничка и Пребег, а веќе почнавме да го реализираме проектот „Штип без кал“ кој предвидува асфалтирање на улиците во сите приградски населби“, нагласи Јорданов.
Тој исто така додаде и дека Зоолошката градина во Штип повторно ќе стане место каде децата ќе уживаат и ќе учат за животните, а тоа се должи на блиската и интензивна соработка со Зоолошката градина во Скопје.
Јорданов ја истакна и меѓународната соработка која е високо на агендата на општина Штип.
Меѓународната соработка е високо на нашата агенда ја зајакнавме врската со Хрватската заедница во нашиот град тековните проекти и можности за идна соработка беа основите на средбата со амбасадорот на Република Бугарија, а таков начин на комуникација воспоставивме и со нашите американски и чешки пријатели. Врз основа на барање на граѓаните, дури 37 проценти од општинскиот буџет се за капитални инвестиции а со кои предвидуваме три развојни проекти: изградба на обиколница од Булевар Гоце Делчев до Ново Село, изградба на крстосница на пресек меѓу улиците Борис Крајгер и Сремски Фронт и изградба на фекална канализација во населба Железничка. Еден од овие проекти веќе е во фаза на реализација и механизацијата е токму во населба Сењак каде се уредува најопасната и најфрекфрентна крстосница во нашиот град. Почитувани, веќе е јасно со нашата работа полека но сигурно ја оправдуваме довербата дадена од граѓаните.Ова е само почеток на она што ќе следува а жителите на секоја општина од Источниот регион ќе се уверат дека секој наш збор е апсолутна вистина и реалност“, истакна Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.