Кој е виновен за смртта на Благојче?
Зарем сега е важно?!? Кому му е важно? На системот, на пациентите, на неговите најблиски?
На сопругата и неговата ќеркичка? На неговите родители? На пациентите на кои им беше мотив за живот?
Ако треба да се бара виновник, “системот” треба да го најде. Не ние. Но, доколку “системот” функционираше сиве овие години, немаше штетата да биде од ваков размер.

ЈАС СУМ ВИНОВЕН.
Јас, кој заедно со Благојче бев да барам помош од Претседателот. Јас, кој заедно со обезбедувањето ја кревавме боцата со кислород по скали. Јас, кој во согласност со природата на моето воспитување и интелект, верував дека на мирен начин и со дијалог може да дојдеме до лек.

НАРОДОТ Е ВИНОВЕН
Народот, кој за жал притиснат до ѕид, од егзистенцијални причини е слеп послушник на минлива политика. Народот, кој со својот индолентен однос кон туѓата мака премолчува неправда.

ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ ВИНОВНИ
Политичарите, кои не ја сфатија својата улога во системот. Политичарите, кои наместо слуги на народот, станаа господари на времето во кое живееме. Политичарите, кои молат пред избори за да бидат молени после избори. Политичарите, кои наместо да одвојат пари за лек, одвоија пари за стиропорни фасади, наместо пари за жалните пациенти, одвоија пари за жални врби, наместо пари за соодветни болнички услови, одвоија пари за тренирање магариња и рецепти за пица…..

Нека почива во мир. Благојче е жртва на “системот”.
“Системот” сме ЈАС и ТИ

Богдан Настески Герман



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.