Во предметот Титаник прифатив одговорност и таквото прифакање го сметам за висок морален чин и ценам дека треба да се даде пример и да се почитува правната држава. Но, во овој предмет сигурен сум во мојата невиност и тоа ќе го потврдам во моите завршни зборови, вака го започна своето обраќање Миле Јанакиески за случајот „Топлик“.

Тој нагласи дека овдека треба да се вреднуваат факти.

Апсурдно е тврдењето е дека во 2007 година сме се организирале да направиме кривично дело знаејќи дека ќе настанат штетни последици 6 години во иднината, поточно во 2013 година. Ообвинет сум дека во 2007 година, 8 месеци од како сум станал Министер, заедно со останатите обвинети како соизвршители, со наводно искористување на нашата службена положба, сме биле свесни дека поради наводно наше сторување во тој временски момент, може да настанат штетни последици 6 години подоцна. Па така, наводно сите сме се согласиле и постапиле во 2007 година, за штетата да настапи во 2013 година. Замислете уште во 2007 година сме знаеле дека правобранителството ќе склучи спогодба и до денар сме знаеле колку средства ќе бидат исплатени во име на законска затезна камата, кое обвинителството ја смета за штета, објасни поранешниот министер.

Тој нагласува да ја имал умственатс надмоќ како што е презентирана во ОА во 2007 година ќе го предвидел се ова што се случувало во неговиот живот од 2015 година и ќе поднесел оставка во 2007 година т.е никогаш немало да се занимавал со политика.

Дејствијата кои ми се ставаат на товар во 2007 година како соизвршител е дека сум составил Комисија. Од исказите на обвинетите и мојот исказ но и исказите на членовите на првата комисија а и вработени во МТВ, сакам повторно да потенцирам дека истата како и останататие комисии кои се формирале пред а и после, не е наменска само за конкретната градежно земјиште и истата работела подолг период и учествувала во продажба на десетици и десетици локации по истиот принцип. Комисијата само технички го спроведува јавното наддавање, а останатите работи како што беше објаснето и документирано пред овој суд го правеле стручните служби на министерството т.е секторите кои ги обезбедуваат потребните податоци за градежно земјиште што е предмет на јавно надавање од страна на државни органи кои се создавачи и иматели на податоците за градежно земјиште. Членови на комисијата и тука обвинети, се луѓе кои цел свој работен век работеле во министерството, луѓе со интегритет кои професионално работеле во комисии и пред и после мене и биле вработени и пред и после мене како министер, посочи Јанакиески пред судот.

Според него, апсурдно е тврдењето почитувани дека сум ги знаел информациите од првиот Записник кога не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до него, ниту пак истиот е насловен до него.

Фактите покажуваат дека преку записник претходната комисија доставила барање за разрешување, кој записник впрочем не е насловен до мене ниту обвинителството докажа дека ми е врачен лично на мене. Тоа се докажа во текот на главната расправа и преку изведување на материјалните докази и преку исказите на сите членови од првата комисија. Како последица на тој записник било изготвено ново Решение за формирање на нова комисија со членови кој во тој момент не сум ги познавал ниту сум имал било каков контакт нешто што се заклучува од вербалните докази изведени во текот на постапката-вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.