Во целост ги прифаќам жалбите и денес изнесеното од моите бранители. Јас исто така поднесов лична жалба но денес сакам пред вас и пред целата јавност да илустрирам како течеше овој процес познат во јавноста како „ТНТ“ и какви се пропусти има во пресудата, вели Миле Јанакиески на денешната јавна седница на Апелација.
Јанакиески истакна дека обвинителниот акт бил поднесен во исто време кога во Основниот суд имаше веќе прифатено обвинителен акт против правното лице „Фине“ и Фијат Цановски значи во исто време во судот имаше ОА дека се гради нелегално и дека нелегално е срушен.
Што се случи. Тоа ни стана јасно после избивање на аферата Рекет. Имено Ардијан Амзоски согласно доказите во тој предмет искеширал на Бојан Јовановски под закрила на инвестиција во проект. Замислете Фијат т.е неговиот зет ќе даде над половина милион евра на „жими мајка“ од фирмата „Дрим Билдинг“ која во последените две години немала ни толкави приходи и дел кеш пазете ден пред да се повлечи обвението од Бурим Рустеми и Катица Јанева Ардијан добива порака од Бојан Јовановски. На ден 19.10.2017 година пред официјално да се поднесе Поднесокот за откажување од обвинителен акт од страна на Обвинителката Катица Јанева а по претхдона согласност од обвинителот Бурим Рустеми, Аријан Амзоски му испраќа порака на Бојан Јовановски „SJO go povlece denes predmotot. BLAGODAM OD SRCE ajde sega raat da pocnime da rabotime.“
Јанакиески истакнува дека ова е единствен предмет на СЈО каде не се штитат интересите на државата и Буџетот и оти предност се дава на приватниот интерес, односно на човек кој незаконски гради и проблемите ги решава преку политика
Ако не е така нека ме тужат за клевета. Ардијан Амзоски на состанок во О.Габа вика „почекајте до септември ќе добијам правосилна пресуда и оштета од државата до Септември и ќе ги платам комуналиите и ќе го доградам Космос“-истакна поранешниот министер.
За предметот ТНТ претходно има 36 пресуди од од сите судови во државата со кои е утврдено дека Решението за рушење е законско, и дека Фијат нема право на надомест.Дури постои и Решение на Уставен суд од 21.12.2011 дека не постои дискриминација на граѓаните по основ на политичка припадност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.