Обвинетиот Миле Јанакиески на денешната седница на Апелација посочи оти не знае колкава казна добил за предметот „ТНТ“. Се прашувате како тоа е можно? Еве како поранешниот министер го објасни тоа.
Јас во овој предмет не знам колку сум осуден бидејќи на ден 20.5.2022 година на главна расправа судот ме осуди на казна затвор од траење од три години, во која казна ми го засмета и времето поминато во притвор, во писмено изработената пресуда е наведено дека сум осуден на казна затвор од три години и шест месеци без да се спомне времето поминато во притвор. Оваа одредба изготвувачот ја препишал од Предметот KOK 57-17, како што препишал и други одредби кои не се однесуваат на постапката опфатена со оваа Пресуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.