Еден од основите во обвинението кое ми се става на товар е Решението за формирање на комисија од 3.4.2007 година. Фактичката состојба е таква да до овој судот не е доставен ниту пак во оваа судска постапка е изведен доказ дека сум формирал комисија. Решение за формирање на комисија од 3.4.2007 година нема како доказ во оваа постапка, објаснува Миле Јанакиески во завршините зборови во случајот „Топлик“.

Апсурдно е тврдењето дека сум ја искористил мојата службена положба бидејќи сум формирал комисија.

Како може да сум искористил положбата кога согласно Законот за Влада и законот за градежно земјиште и Уредбата само Министер и никој друг може да формира комисија. Како е можно преку почитување на законски норми да злоупотребиш службена положба. Злоупотреба ќе сум направел единствено со умисла само ако јас не постапувам согласно моите законски надлежности а тоа е да не донесувам Решенија за формирање на комисии кои спроведуваат јавни надавања. Каде е мојата вина тука и како сум ја искористил мојата службена положба. Постапување согласно закон не е злоупотреба, како и постапување по судска одлука за што ќе зборувам понатаму во мојот завршен збор. Дали ќе беше кривично дело ако службите ми доставиле Решение за формирање
на комисија а јас истото не сум го потпишал и со месеци не функционира тој дел од надлежностите на МТВ?

Според него, ваквото апсурдно тврдење во ОА доведува до наредното дека ,,јас сум побарал од Комисијата да ја реализира објавата и јавното надавање за продажба на градежното земјиште и покрај наведените недостатоци.

Фактичката состојба утврдена и докажана во судската постапка преку изведување на доказите е дека таа комисија не е наменска како што се тврди во обвинителниот акт за да ја објави конкретната градежна парцела бидејќи истата таа Комисија спроведувала десетици јавни наддавања.Не е доставен ниту пак пред овој суд е изведен доказ дека јас нешто сум побарал или дека сум знаел, тргнувајќи од изведените докази пред овој суд дека записникот од првата комисија не ми е доставен лично до мене, како и изведените вербални докази пред овој суд дека јас од никого ништо не сум побарал ниту пак сум имал посреден или непосреден контакт со комисијата за што од страна на моите адвокати во нивните завршни зборови исцрпно беше потенцирано. А уште еднаш ќе истакнам дека сите членови на комисијата едногласно кажаа дека немале апсолутно никаков контакт со мене.
Апсурд е дека сум побарал нешто од некого со кого ниту сум имал контакт ниту си го познавал во моментот ниту обвинителството достави доказ за истото!

За Јанакиески апсурдно е и тврдењето дека дал согласност на објавата.

Преку согласноста обвинителството го најдува моето соизвршителство со останатите обвинети. Обвинителството не достави доказ и таков доказ не беше изведен во оваа постапка, Јас а и Вие не видовме дека сум потпишал или дека на било кој начин сум дал согласност за што ме товари обвинителството во обвинителниот акт. Таков доказ нема.
Апсурдот да биде поголем не само што не сум дал согласност на објавата туку и самата објава не ја реализирала Комисијата!
Почитувани, не само што нема согласност туку сите сообвинети кажаа дека во тој период ниту имале контакт со мене ниту дискутирале на темава, а камо ли да сум дал согласност.
Апсурдно е тврдењето дека комисијата не ги обезбедила потребните податоци за јавната објава а дека тоа преставува кривично дело.

Поранешниот министер објаснува дека ниту членовите на комисијата а најмалку тој обезбедувал податоци за било која јавна објава.

За целокупното времетраење на овој судски процес одбраната докажува дека министерството како дел од извршна власт единствено обезбедува а не создава документација потребна за јавна објава на градежно земјиште. Имено, комисија за спроведување на објава и јавно надавање обезбедува податоци и документација преку сектор во министерство кој ги прибира таквите податоци и документација од надлежни државни органи кои се создавачи и иматели на истите и кои единствено се одговорни за веродостојноста и точноста на тие податоци а не комисијата или министерството кое нема ниту обврска ниту надлежност да утврдува веродостојност и точност, туку истите ги зема како веродостојни и точни бидејќи се издадени од државни одргани надлежни и одговорни за издавање на такви податоци и документи согласно закон во конктретниов случај Законот кој го регулира работењето на Агенцијата за катастар на недвижности.
И ние како одбрана сме доведени во апсурдна состојба тоа да го докажуваме кога се е уредено во закон!
Тврдењата во ОА не се покрепена со ниту еден доказ, а притоа не осврнувајчи се на законските и подзаконските акти во државата кој за што е надлежен и одговорен.
Верувам во стручноста и следењето на законите од страна на судечкиот совет и разбирањето на целата апсурдност на водењето на овој судски процес.

Тој смета дека е aпсурд за исплатената затезна камата од страна на МТВ да се товари тој и членовите на комисијата со тврдења дека поради нивни грешки склучена е спогодбата а врз база на истата исплатена е законска затезна камата.

Предмет на тужбите и на спогодбата по која е исплатена законска затезна камата не е работатата на Комисијата туку на АКН и Општина Сопиште, а кривично се гонам јас и комисијата. Ниту членовите на комисијата а ниту јас како причина не сме спомнати ниту пак нашето работење во тужбите ниту во самата спогодба. Многу јасно и децидно е наведено што било причина за тужбите и аналогно на тоа и Спогодбата! Воедно се поставува легитимно прашањето пред овој судски совет дали од сите доставени и изведени докази во оваа постапка, објавата на јавниот повик, договорот итн воопшто имаат допирни точки со ,, последиците ,, за кои во обвинителниот акт се тврди дека од нив произлегува наводната штета како законска затезна камата, или истата произлегува како ,, последица ,, од Судска одлука – Спогодба потпишана од ДП и донесена од страна на Суд за чие донесување единствена причина е донесена Одлука на УС.

Јанакиески прашува како можела комисијата и тој самиот во 2007 година да знаат дека планот за локалитетот Сончев град ќе биде оспорен и укинат на Уставен суд во 2010 година?

Во самите тужби и во самата спогодба никаде ама никаде не е наведен пропуст на работата на самата комисија или министерството. Како може тогаш комисијата и министерот да се одговорни?
Овој дел од обвинителниот акт изготвен е врз основа на конструиран и наменски изготвен вешт наод и мислење од вешто лице кое во моментот на изготвувањето на своето прво мислење не поседува лиценца за вештачење и е актуелен Директор на Агенцијата за катастер на недвижности, во однос на кој јавниот обвинител не требало да довери верба со оглед на конфликтот на интереси на тоа вешто лице, неговата професионалност и од аспект на функцијата која тогаш ја извршувал и ја извршува во моментов.

Тој се осврнува на уште еден апсурд.

Апсрдно е тврдењето во делот на обвинението дека ,,иако сум знаел дека постојат недостатоци поради кои неможело да се објави и јавното надавање и договорот неможел да се реализира, сум го склучил Договорот за купопродажба на градежно земјиште,,.
Не е доставен ниту изведен доказ со цел да се потврди ваквото тврдење во ОА, напротив доставен и изведен е доказ – Информација од комисијата каде е наведено дека се е законски во самата постапка, дека се обезбедни сите докази, дека не постојат недостатои и притоа сите членови на комисијата едногласно ми даваат предлог за склучување на договор.

Тој за ова поставува повеќе логични прашања

Што преставува реализација на договор? Со ниту еден доказ не е доказжано како јас тоа сум знаел? Кој ме запознал? Кога и на кој начин ме запознал? Дали воопшто сум бил запознаен?-прашува Јанакиески.

Тој уверува дека ниту комисијата , ниту јас немле надлежност да утврдуваат веродостојност или точност на податоци издадени од надлежни државни органи, секоја институција дава верба на документи кои ги издава а кои се во нејзина надлежност што е и законска обврска согласно ЗОО.

Тоа е исто како и во суд, од катастер добивате податоци и јавни исправи, ја проверувате нивната точност? Не- едноставно поклонувате верба на таа институција. Истото е со сите министерства. Спроведување на договор и реализација на договор се два различни термини. Договор поточно преносот на право на сопственост во катастер на недвижности е спроведен видно од доставените и изведени докази во оваа постапка. Договорот е потпишан од моја страна врз основа на позитивно мислење на ДП како единствен надлежен орган кој ги штити имотно правните интереси на РМ, а спроведен во катастер не е од МТВ туку од нотар, видно од доставените и изведени докази во оваа постапка.
Потврда на целокупната оваа постапка е издадениот имотен лист бр.24 на име на инвеститорот ФХИБЦ ДООЕЛ Сун Циту на ден 3.9.2008 година. Со уписот и издавањето на имотниот лист во конкретниотв случај престануваат обврските на МТВ понатаму целокупната постапка е во рацете на правобранителство.

Jaнакиески прашува со кој доказ доставен и изведен во оваа постапка се докажа дека тој знаел за некакви недостатоци кога извештајот на првата комисија не е доставен до мене потврдено и докажано со сите изведени материјални и вербални докази во оваа постапка.

Тој вели дека апсурдноста оди до таа мера што според ОА тој во 2007 година знаел дека договорот неможе да се реализира и сум го потпишал, бидејќи во 2007 година знаел дека во 2010 година ќе била донесена одлука на УС со која ќе е поништи ДУП-от кој е предмет на реализација на Договорот за купопродажба.

Членовите на комисијата доставиле Инфромација за постапката каде навеле дека е се законски впрочем тоа го кажаа и во нивните искази со предлог за склучување на договор. Стручните служби изготвиле и доставиле текст на договор до мене и јас сум го потпишал. Сум го потпишал зошто по закон за влада и закон за градежно земјиште единствено министер може да потпише договор, а за истиот има позитивно мислење од сите релевантни институции вклучително и правобранителството. Ако не сум го потпишал пак ќе сум добил кривична пријава за непостапување. Миле е крив ако постапи Миле е крив и ако не постапи. Што треба да направи министер ако добие договор за кој има позитивно мислење од сите релевантни институции, вклучително и правопранителство? -прашува поранешниот министер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.