Кандидатот за претседател од политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, одржа средба со граѓани во Кичево.

Kако што информирааt од неговиот Изборен штаб, Јакимовски nа средбата ги презентирал програмските определби на коалицијата „Храбро за Македонија“, а се зборувало и за актуелните проблеми на граѓаните.

Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет, ќе бидам претседател за сите граѓани на Република Македонија и Македонија секогаш ќе биде на прво место, порача Јакимовски.

Претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ, денеска во рамки на кампањата одржа средба и со жителите на Гостивар. Пред гостиварци тој говореше за актуелните случувања и напомена дека најголемата мака е иселувањето од државата, за кое рече дека се случува поради лошите политики на досегапните владеjачки гарнитури..

Зборувајќи за промената на Уставот, Јакимовски упати критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.

Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата, рече Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.