Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија, со дел од Македонија во него, денеска е отстранета од музејот  на УЧК кој беше отворен овој викенд во Сопот, кумановско, јави телевизија Сител, вклучувајќи се во живо од селото.

Од пред објектот е останат само каменот на кој беше закачена мермерната плоча со спорната карта.

По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии, денеска во музејот стои само каменот без експонат и музејот е затворен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.