Непречено се одвива изборниот процес во општина Центар Жупа, каде до 9 часот правото на глас го оствариле 407 лица.
Во процент тоа изнесува 5,69 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи. Гласањето се одвива без проблеми и се надеваме дека така ќе биде до затворањето на избрачките места. Вообичаено поголема излезност се очекува во попладневните часови, вели Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.
Споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година, бројот на оние кои го остварите правото на глас е поголем за 4,09 отсто.
Тогаш до 9 часот гласале 120 лица или 1,6 отсто од 7.317 колку што беа во единствениот избирачки список. Во април пак излезноста беше 2,17 отсто од запишаните 7077 лица, што значи дека денеска излезноста до 9 часот е поголема за 3,52 отсто.
Според Излјаз, членовите на комисијата се во постојана обиколка на 16-те гласачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.