Програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198 за претстојните парламентарни избори предвидува низа на мерки со кои ќе се спречи негативниот прираст на населението кој е последица на лошите политики на актуелната Влада, меѓу кои стимулативни мерки како еднократна финансиска помош за прво, второ, трето и повеќе родени деца, потоа стимулативни мерки за вработени мајки како поврат на уплатен данок на личен доход и слично.
Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ се осврна на Платформата 1198 и логото Луѓето на прво место укажувајќи дека владата и премиерот Христијан Мицкоски ќе посветат должно внимание на она што ни се случува долго време, а тоа е негативен прираст на население поради лошите политики на оваа Влада. Токму затоа столбовите зависат од тоа колку ќе посветиме внимание на демографскиот елемент. Ние веќе имаме Национален план од демографија. Планираме зголемена поддршка за новородено дете, 6 бесплатни ИН ВИТРО постапки и место за во градинка за секое дете. Особено внимание ќе посветиме на семејствата нивната стабилност за што е потребно сигурност на работните места. Да споменам неколку мерки. Стимулативни мерки на тема демографија и млади се еднократна финансиска помош за прво родено дете или 250 евра, до сега истата е 8 илјади денари, еднократна помош за второ родено дете од 500 евра, моментално е 20 илјади денари и 750 евра за трето и секое следно, како и за близнаци. Предвидуваме и стимулативни мерки за вработени мајки или една година поврат на уплатен данок на личен доход за прво родено дете, две години поврат за второ дете и поврат за трето и секое наредно кој ќе трае до полнолетство на прво родено дете, информираше Стојаноска.
Нас приоритет ќе ни биде транспарентноста. Таа ќе биде приоритет заради тоа што на граѓаните им е потребен транспарентен пристап до здравствените услуги и тука доаѓаме до втората точка, вториот приоритет, а тоа е достапноста на здравствените услуги, истакна Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Николов додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намали листите на чекање преку уште еден процес, а тоа е процесот на дигитализација. Со дигитализацијата пациентите ќе добијат транспарентен пристап до листата на чекање за здравствени процедури. И на тој начин ќе се укинат или ќе се анулираат т.н. џебни листи на чекање на процедури.
Здравството и здравствените услуги мора да бидат транспарентни. За здравствените услуги пациентот и неговиот матичен лекар ќе добијат дигитализирана шифра и ќе можат автоматски во секое време да следат кога ќе ја добијат здравствената процедура без да седат во една несигурност или очекување. И втората работа која што ќе ни биде приоритет во здравствениот систем и во здравството е отчетноста, рече Николов.
Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски истакна дека пензионерите и лицата со попреченост ќе бидат во приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави откако е министер за 50 дена поминати се 30 градови да се слушнат барањата на пензионерите кои видовме дека за прв пат излегоа на протести и ги бараа своите права на повисока пензија, а власта немаше слух.
Ние бевме првите да ги слушнеме овие граѓани и она што го бараа како прво барање, линеарно покачување од 5.000 денари ќе стане реалност преку нашата програма на ВМРО-ДПМНЕ. 220.000 пензионери, односно две третини живеат со под 20.000 денари пензија, и со ова покачување навистина ќе им дадеме поквалитетен живот. Она што сакам да истакнам е многу важно е за лицата со попреченост. Изминативе 7 години не можевме да видиме дали некој им помогнал или им дал подобри услови. Ние предвидуваме низа на мерки кои ќе ги стимулираат, како поддршка во делот на спорт, стипендии за најуспешните спортисти кај лицата со попреченост, пристапот до институции да остварат право, дневните центри каде ќе добиваат грижа и за крај поддршка за отворање на бизниси, како и вработување во институциите кои имаат над 50 вработувања, рече Велковски.
За подобрување на кадровската политика во здравството во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат одредени приоритети се со цел да имаме задоволен здравствен кадар од една страна, но од друга страна да имаме и задоволни примачи на здравствени услуги односно пациенти, рече доктор Жаклина Шопова на денешната програмска дебата на која се презентира изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198.
Шопова посочи дека програмата Платформа 1198 предвидува анализа веднаш по формирање на владата се со цел мапирање за дефицитарен кадар на сите здравствени установи.
Како приоритет ќе биде сеопфатна анализа на профилите на сите здравствени работници во сите здравствени установи, како на примарно, така на секундарно, терциерно ниво се со цел да може да се креира една добра здравствена политика. Анализата која ќе треба да се спроведе ќе биде реализирана на почетокот веднаш после формирањето на идната нова влада, заради тоа што имаме едни варијации за жал во овие податоци, заради лошото менаџирање за жал изминатиот период имаме секојдневно одлив на голем број на медицински персонал. Затоа ни се потребни точни податоци врз основа на која ќе можеме да направиме мапирање за дефицитарен кадар на сите здравствени установи, вели Шопова и додаде дека со тоа ќе има етапно вработување на дефицитарните кадри со одредени профили.
Доктор Синиша Стојановски зборуваше за дуализмот во јавното здравство посочувајќи дека и покрај толку раководни позиции во јавно здравствените установи, каде покрај медицински директори има и економски, наместо здравствениот систем да ги нуди сите услуги кој се базираат на функционалност, достапност, транспарентност и отчетност ние имаме ситуација каде што од ден на ден, се повеќе се губи довербата во јавниот здравствен систем.
Тој дуализам води до состојби на уценување, на одбирање на кадрова политика, која што за жал не ги бира оние кои што најквалитетни и кои што треба да бидат во јавниот здравствен сектор за да ги овозможат здравствените услуги кон пациентите, туку еден политички пазар во зависност од тоа од која политичка партија се економскиот и здравствен директор, да видат дали едниот или другиот ќе успее да ги наметне своите желби и потреби. Тоа не смее да функционира повеќе така, треба да се планира функционален здравствен систем и од рамномерно регионално развивање, но исто така, адекватно кадрово екипирање и опремување на здравствените институции со модерна опрема. Сето тоа е можно само доколку има менаџмент кој што ќе се грижи за унапредување на јавната здравствена установа, а нема да се занимава со работи кои што влегуваат во рамките на она што се афери или криминал“, рече Стојановски.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Ристо Симеонов потенцираше дека во периодот 2024-2028 ќе се заврши Клиничката болница во Штип која ќе биде модерно опремена регионална болница заедно со уште четири други од веќе постоечките кои ќе даваат услуги од секундарно и терциерно ниво на здравствена заштита за граѓаните да не мора да патуваат за Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.