Главниот обвинител на Бергамо имал отворено истрага околу раководењето со пандемијата во што под истрага се 19 лица, меѓу кои поранешниот премиер Џузепе Конте и поранешниот Министер за здравство, Роберто Сперанца, пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.
Е сега замислете кај нас некој обвинител да отвореше истрага за фактот дека бевме земја со најголем процент на одвишок смртни случаи, поради фактот што Филипче сакаше да прави дубари со вакцините, затоа што МВР имаше двојни или тројни стандарди во наметнувањето на мерките.
Грешки секаде беа направени, и поентата на слични истраги е да се фрли светло врз причините и одговорните.
Се разбира такво нешто кај нас нема да се случи, ама уште еднаш потврдува колку не не интересира вистината, колку ни е кратко сеќавањето и грижата за загубените животи.
Не зборете само ЕУ, однесувајте се како во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.