На власта повеќе не им поминува ништо кај народот, па се доведоа во ситуација да се лажат самите себе си. Таква е атмосферата во овој дом овие 14 дена, таква се состојбата на нивните партиски митинзи и на јавните настапи. Дали живеат во виртуелен свет или имаат проблем како да се соочат со реалноста, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека додека власта бега од реалност сите останати ја живеат реалноста и таа не е добра.

– Предлогот за реконструкција на владата не по програма, туку пазар 3. Што и друго да се каже за оваа влада и премиер кој изгуби контакт со реалноста. Се движите упорно надоле, губите коалициони партнери, кадри кои велевте дека ќе бидат носители. Во реалноста ги доведовте луѓето да немаат леб да јадат. Имаме влада, институции кои имаат обврска да ја следат состојбата да дефинираат проблеми и да ги решаваат, а ако се случи проблем да го решат во брз рок. Тие се платени за тоа, за државата да расте, а не да пропаѓа, изјави Јаревски.

Јаревски потсети дека денот кога снема леб, Ковачевски се фалеше на говорница дека ќе имало предвидливост во производството на храна.

– Се уште нема патем кажано. Кажете каква ќе биде предвидливоста? Имаме молк од страна на владата, рече тој.

Јаревски потенцираше дека време е власта да се соочи со реалноста дека носи сиромаштија и дека податоците покажуваат дека таа расте, односно има нови 13.000 нови сиромашни од кои 5.000 деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.