Провокатори со фантомки упаднаа на народниот протест пред Собранието. Тие ја турнаа полициската ограда и почнаа да фрлаат со делови од калдрмата по зградата, по што скршија и прозори од Парламентот.

Провокациите не наидоа на поддршка од граѓаните, кои продолжија мирно да протестираат, да скандираат, да пеат „Едно име имаме“ и да бараат оставка.

Насилници, срамота, и што сега, што направивте?, коментираат граѓаните.


Дека деновиве има личности кои се обидуваат да ги обезвреднат сè попосетените протести против владата и политиките кон Бугарија веќе предупредија и неколку политичари. Вчера за ова предупреди потрептседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, а за да фрлат сенка врз народниот протест, и СДСМ и ДУИ со соопштенија „ги осудија насилствата“. Денеска премиерот Димитар Ковачевски рече дека „ќе се случуваат неевропски потези на протестите“, за што и е забележливо и големо полициско присуство околу Собранието и целиот скопски центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.