Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, упатува голема благодарност до членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав – ЗАПВАРС Куманово кои на сопствена иницијатива и со помош на месното население го посетија и исчистија локалитетот „Воденица“ во село Белановце во Општина Липково на планината Карадак кадешто се наоѓа споменикот подигнат во чест на борците од НОБ кои на 14 oктомври 1941 година во борба со бугарскиот фашистички окупатор ги положија своите животи.

„Упатувам благодарност до членовите на здружението ЗАПВАРС Куманово за посетата на овој локалитет заборавен со децении од сите, локалитет кој се наоѓа на многу непристапен терен. Армиските и полициски ветерани од активен и резервен состав го исчистија локалитетот и положија свежо цвеќе во чест на паднатите херои. Боро Менков – Командант на одредот, Перо Георгиевски Чичо, Бајрам Шабани, Магдалена Антова, Киро Бурназовски Мумурузница, Аритон Димковски Тонко и Наце Ивановски Буѓони, Вечна им слава на паднатите борци!“, потенцира Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.