Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност во изборната единица 3 и речиси четири пати огромна предност во изборната единица 4, во однос на владејачката СДСМ покажува компаративната анализа од анкетата на Институтот за политички истражувања ИПИС која се презентираше во емисијата Објектив на МТВ.

Во изборната единица 3, на прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори, расположението за ВМРО-ДПМНЕ во февруари било 32.8 додека во март рејтингот пораснал на 33.4 проценти. За СДСМ во февруари 14.8 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат, додека пак за месец март 16.9 проценти. За Левица 3.9 проценти во февруари, а 4.5 проценти во март. Кај движењето ЗНАМ 3.5 проценти од испитаниците се изјасниле во февруари, додека 4.2 проценти во март.

Не сакале да кажат за кого ќе гласаат на претстојните избори во февруари одговориле 21 процент, во март 19.4 проценти од испитаниците. За ниедна партија во февруари одговориле 16.2 проценти, додека 14.3 проценти во март, додека пак не знаат или не сакале да одговорат процентот не значително се намалил, односно во февруари 7.1 проценти, додека 6.8 проценти во март.

Во изборната единица 4, на истото прашање, ВМРО-ДПМНЕ повторно е во предност пред СДСМ. Имено, за ВМРО-ДПМНЕ во февруари се изјасниле 30.4 проценти од испитаниците дека ќе гласаат, додека во март довербата се зголемила на 31 процент. За СДСМ во февруари 16.9 процент се изјасниле дека ќе гласаат за нив, додека 17.9 во март. Кај Левица има не значајно придвижување, односно од 3.7 проценти во февруари, во март се изјасниле 4 проценти. И кај Движењето ЗНАМ има мало придвижување односно во февруари 2.6 проценти од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат, додека во март 3.5 проценти.

Во изборната единица 4, не сакале да кажат за која партија ќе гласаат во февруари 15.4 проценти, во март 15.6 проценти. Не знаеле или немале одговор 14.5 во февруари, додека во март 13.9 проценти.


Во изборната единица 3, на прашањето за која партија сметате дека ќе победи на следните парламентарни избори, дури 40.3 проценти во март одговориле дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ во февруари сметале 15.1 процент од граѓаните, додека во март 15.2 проценти. За Левица 3.6 проценти во февруари, односно 4 проценти во март. За Движењето ЗНАМ сметале 3.2 проценти во февруари, додека во март сметаат 3.9 проценти.

Не знаеле или немале одговор на прашањето, одговориле во март 16.9 проценти, додека истиот во март се намалил на 16.9 проценти. Не сакале да кажат во февруари 13.1 процент, или 12.4 во мар. За ниедна партија одговориле во февруари 9.3 проценти, односно 7.4 проценти во март.


На истото прашање која партија ќе победи на следните парламентарни избори во изборната единица 4, ВМРО-ДПМНЕ е повторно во огромна предност пред СДСМ. Односно довербата на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува од 36.4 во февруари на 37.2 проценти во март. За СДСМ одговориле само 7 проценти во февруари додека во март 8.1 процент. За Левица 3.1 процент во февруари или 3.2 проценти во март. Кај Движењето ЗНАМ има незначителен напредок односно од 2.4проценти во февруари, на 3.1 процент во март.


Не знаеле или немале одговор од 36.9 проценти во февруари паднал на 31.7 проценти во март. Не сакале да кажат 8.2 проценти во февруари, односно 7.1 процент во март. За ниедна партија процентот се зголемил, односно од 5.2 проценти во февруари процентот во март изнесува 8.9 проценти.


Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во Изборна единица три на 1010 испитаници додека во Изборната единица четири на 1035 испитаници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.