Реакција, појаснување во врска со случајот „Мицкоски“ е насловот со кој редакцијата Indeks.mk ретерираше по реакцијата на Мицкоски.

По јавната реакција и „заканата“ од г. Христијан Мицкоски дека ќе го тужи порталот indeks.mk по „хроника“ за куќите и вистината за милионите, сметаме дека е потребно да се реагира и да се разјасни вистината во јавноста.

Нашата редакција, indeks.mk, во ниту еден момент во текот на хрониката не констатираше ништо освен што ги пренесе информациите кои нашиот колега новинар, г. Александар Митовски од infomax.mk и други македонски колеги кои пишуваа во медиумите, како и тоа што пишува во документот обезбеден онлајн, од Агенцијата за катастар.

Нашата репортажа доаѓа речиси една недела по изјавата на колегата Митовски, која не беше демантирана ниту од вас, г. Мицкоски, ниту од страната на ВМРО ДПМНЕ. На следниот линк можете да ја проследите и изјавата на господинот Митовски, изјава со која ја започнавме нашата хроника, за која не апострофирате како медиум.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.