Заразна болест е директорите во здравството да ги нема во јавност

Рената Младеновска, директор на хартија на ДСЗИ во јавноста не даде ниту основни информации што се случува во прилепската болница.
Трета недела Фатон Ахмети користи годишен одмор, а цели 2 недели при здравствен крах во јавност не се појави Магдалена Филиповска.
Ордени се даваат и на одговорниот за ИТ кој е на боледување, а никој од сите 9 директори на ФЗОМ заедно со членовите на УО, уште нема преземено одговорност.
ДСЗИ и ФЗОМ имаат виртуелни директори што фигурираат само на хартија со 0 одговорност и отчет кон граѓаните.
Заради немање лоцирана одговорност, потребно е Владата на чело со Ковачевски веднаш да поднесе колективна одговорнот, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.