Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар на владата, Христијан Мицкоски, соопшти дека покрај 58 пратеници на коалицијата, има консолидирано точно 61 пратеник.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршуваме разговорите со неколку пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник.
Не можам да зборувам за деталите имајќи предвид дека состојбата е чувствителна, но наскоро ќе ги дознаете деталите. Ја очекуваме одлуката на Управниот суд, да видиме што ќе се случува со изборните единици 5 и 6, но можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник. Сепак, тоа нема да не повлече од разговорите со потенцијалните коалициони партнери, како што е коалицијата Вреди, изјави Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања пред затворењето на Самитот Македонија 2025, Мицкоски информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во вистинска насока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.