Брусилките стануваат автентичен македонски алат. Работат главно ноќе, а „плодовите од нивната работа“ ги береме како колективен заборав. Бруслките во рацете на власта од Cеверна имаат задача да ја обелат црната дамка од светската историја, но и да му ја „свиткаат кичмата“ на Македонецот пред Гркот. За овој од „првата страна“ да ја расипе „калимерата“ со оној од „другата страна“.

Она што цивилизацијата не сака да го заборави, за да биде потсетник никогаш да не се повтори, кај нас од под хируршки нож. Белеат спомениците од Втората светска бојна на местото каде што црните букви сведочат за ѕверствата на бугарскиот фашистички окупатор. Или администратор. Белеат и имињата на институциите, спомениците каде што пишува „Република Македонија“.

Најсвеж пример е оној од пред два дена, кога градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, пријавил во полиција дека на спомен-обележје над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп, со брусење е оштетен дел од текстот на плочата на споменикот за Богомилскиот марш.

Полициските екипи излегле на самото место и преземаат мерки за расчистување на случајот. Инцидентот бил пријавен во 16:45, иако на социјалните мрежи и претходно имаше објави за уништувањето на споменикот.

Се брусат споменици во Македонија веќе пет години, откако со доаѓање на власт Зоран Заев преку ноќ молчешкум нареди да се избруси споменикот на Благој Јанков Мучето во Струмица.

Со брусилка или црна боја се обидува власта да избрише од колективната меморија дека „бугарската фашистичка рака“ им ги одзела животите и на херојот Блаже Христовски, кој загинал во скопскиот затвор во 1942 година од бугарскиот окупатор.

Битолската партизанска организација извела акција против бугарскиот фашистички окупатор на битолскиот ат пазар, на местото каде што во 1905 година е обесен војводата од Илинденското востание Александар Турунџев.

 

Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, предвидена е казна за кривично дело со парична казна или со затвор до три години за оној што ќе оштети или ќе уништи меморијален споменик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.