Додека Вардар уште стои раскопан, фонтаните на плоштад не работат, а започнатите протекти со години стојат недопрени, владата си тера со својот приоритет во Скопје – Cеверна. Сега, редот да биде избрусен му стигна и на Археолошкиот музеј на Македонија.

А што се случува во моментот кај „Првата страна“ од Договорот од Преспа? Ништо! Во близина на границата со Македонија, на ниеден од граничните премини не се променети патоказите со новото име, па патниците возат кон „Скопиа“.

Владата на СДСМ, пак, тогаш побрза не само на сите патокази да стави „Cеверна“, туку и да го преименува автопатот во „Пријателство“.

Ама „Пријателство“ завршува на „Богородица“, зошто нашите „пријатели“ од југ сè уште не го ни ратификувале договорот во Собрание, иако според него имаат обврска да го направат тоа веднаш штом „втората страна“ ќе ги извести дека е ратификуван кај нас.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.