Почнаа со брусилка прејдоа на чкртaње. Власта продолжува со ретуширање на историјата за ѝ се додвори на Бугарија да се смилува да дозволи да почнеме преговори со ЕУ.
Деновиве на неколку спомен-плочи од периодот на Втората светска војна на кои се оддава почит на народноослободителните херои е исчкртан делот кој го извршил нивното убиство.

Па така на таблата на херојот Блаже Христовски стои дека загинал во скопскиот затвор во 1942 година од бугарскиот окупатор.

На сличен начин е осквернавена таблата која датира од 1965 година. На неа пишува дека на тоа место во 1905 година го обесила војводата од Илинденското востание Александар Турунџев.

По него стои пак дека битолската партизанска организација извела акција против бугарскиот фашистички окупатор. Токму тој назив „фашистички окупатор“ им пречи на Заев и СДСМ и затоа мора да се брише.

Ова не е првпат власта да се обидува насила да ја менува историјата. Уште во 2015 година во Струмица беше искрернавен споменикот на Благој Јанков Мучето. Тогаш власта посегна со брусалка да го избрише „бугарскиот окупатор“.

Пред неколку месеци пак граѓаните од револт ги исчкртаа со боја плочките на мостот „Око“ во Скопје на личности за кои Грција смета дека се дел од нивната култура, а кои власта мораше да ги обележи согласно Договорот од Преспа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.