Културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид е избришан од Централниот регистар затоа што во законски рок не поднесе комплетна документација за пререгистрација. Централниот регистар постапи пет дена откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.

Претходно владината Комисија за употреба на имиња на историски личности даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со геноцид, нацизам и фашизам…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.