СДС клеветничка, докажана и осудена дека ширеше лажни вести за претседателот Мицкоски во случајот со Пречистителната станица во Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и нивните апологети половина година шират лажни вести, и го клеветеа претседателот Мицкоски во врска со проектот за пречистителна станица во Скопје. СДС лажеа и фингираа.

Дури и судот под контрола на власта не може да ги игнорира ноторните факти и мораше да пресуди на страна на правдата која е повеќе од очигледна.

СДС преку партиски соопштенија половина година ги труеше граѓаните со лаги. Сите манипулации излегоа на виделина, никој повеќе не верува во СДС, се вели во соопштението од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.