Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре пристигнува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка. Ова за МИА го потврдија високи дипломатски извори на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што дознава МИА, целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.