Попладнево во Собрание продолжуват пратеничките прашања. Министерот Бектеши во својот говор дури ја спомена и познатата српска ѕвезда Јелена Карлеушта.

Тој одговарајќи на пратеничко прашање за новата цена на струјата рече дека дека граѓаните ќе плаќаат исто па и помалку со блок тарифите.

„Грејат базени, копаат криптовалути. Го знаете и самиот, Ј.К.. Не е Јелена Карлеуша. Вашиот, што ве финансира. И денеска се жалите зошто ние ги браниме граѓаните во првиот, вториот и третиот блок. 36 мегавати да се троши месечно е 85 пати повеќе од просечно македонско семејство во државата“, кажа Бектеши.

Видеото од говорот на Бектеши може да го видите на следниот линк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.