„Велес е познат по својата стара градежна архитектура. Вие сте професор по англиски, а со култура имате допир колку јас со нуклеарна физика, па не сте експерт на темата. Но, можете да консултирате експерти. На пример, дел од овие куќи се учат на универзитетот Сорбона. Само вие смејте се, бидејќи додека имате пари да финансирате пеење детски песнички за УЧК, нашето културно наследство пропаѓа за нас. Има 15 куќи во Велес, четири куќи презема општината, наместо вас, во добра состојба се само три, додека другите се паднати или пред паѓање, рече пратеникот Димитар Апасиев во обраќањето кон министерката за култура Бисерa Костадиновска-Стојчевска

Донесено е извршно решение со кое одредени објекти се ставени како културно наследство во опасност и две години не се постапува по тоа, а не да ми цитирате диспозитив од решение.

Јас ве прашувам: Што треба да направите ако итна мерка не ја преземате две години? Уште колку куќи треба да паднат за да сфатите дека сериозно е прашањето?”, рече Апасиев од собраниската говорница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.