Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и поранешната министерка за образование Мила Царовска официјално поднеле барање за апанажа до собраниската Комисија за именување, информираат од собраниската служба.
Доколку барањето им биде прифатено, двете поранешни министерки во следните девет месеци ќе добиваат надомест од државата во износ од платата што ја добивале додека биле на функција.
Претходно, како што информираше собраниската служба, барања за апанажа поднеле и поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа, поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и поранешниот заменик-министер за култура Седет Сулејмани.
Од правото на апанажа се откажаа поранешната министерка за култура Ирена Стефоска, поранешната министерка за труд и социјала Јагода Шахпаска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и поранешниот премиер Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.