Аријанит Хоџа од Беса на Фејсбук упати силни критики кон вицепремиерот на Македонија, Артан Груби.

Да седнеш на маса со Србија, која е главен сојузник на Русија, и да направиш регионална иницијатива како „Отворен Балкан“, каде што се заобиколува и ослабува меѓународната позиција на Косово, а во исто време да ги имаш на располагање бланко гласовите на албанската опозиција за евроинтеграциите (антируски) и да ја наречеш албанската опозиција деструктивен проруски фактор, тоа може да го направи само политички дилетант како Артан Груби, обучен во подземјето на поранешни шефови на тајните служби, кои се обидуваат да ја задржат власта само со дневна пропаганда, напиша Хоџа.

Оваа реакција на Хоџа доаѓа по интервјуто на Артан Груби, во кое ја обвини македонската и албанската опозиција дека се усогласени и дека никој од нив нема свој индивидуален идентитет. Според него,тие блокираат закони кои се во интерес на граѓаните.

Изненадувачки, но гледаме усогласена опозиција. ВМРО го напушта парламентот, Левица си оди, Алијанса си оди, Беса си оди. ВМРО бојкотира, Левица бојкотира, Алијанса бојкотира, Беса бојкотира. Ниту една од нив со сопствен индивидуален и конструктивен идентитет. Граѓанинот не гласал за пратеникот да ја блокира работата на Собранието. Сега се блокира Европска банка за развој за македонски електрани, 100 милиони евра во оваа енергетска криза. Замислете!, рече Груби во Клик плус на ТВ21.

Груби дури рече дека парламентарната опозиција се инспирира од Русија.

Со ЕУ ни оди многу добро, а со Русија не. Дали Русија се меша? За мешање, има многу сериозни индикации за мешање, дури и за директно мешање, особено со директно посредување преку инспирирање на опозицијата. Која опозиција? Парламентарна опозиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.