Раскол во СДС, две фракции не можат да се договорат за началничкото место за внатрешна контрола во АНБ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот на АНБ во заминување, Виктор Димовски до Комисијата која го надгледува работењето на службите во Собранието, доставил предлог за началник на внатрешна контрола во АНБ, како што е според закон од институцијата, Комисијата треба да го верификува и така поставениот началник има мандат од 6 години.
Пратениците од СДС и ДУИ кои се мнозинство во Комисијата не присуствуваа на седницата. Односно го бојкотираат нејзиното одржување. Ова е прв пат власта да се бојкотира сама себе. Ова е доказ дека врвот на СДС не се согласува со изборот на Виктор Димовски.
Во СДС се води тивка војна помеѓу две фракции за превласт во АНБ. Ковачевски сака да воспостави целосна контрола, но очигледно од внатре добива отпор.
Штетата од караниците во СДС, кои се водат преку институциите ја трпат граѓаните, стои во пратиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.