„Иако беше апсолутен фаворит за постигнување победа во Тетово, пред почетокот на изборниот процес Движењето Беса ѝ подаде рака на Алијансата за Албанците за опозициска соработка, нудејќи ѝ заедничко владеење во Тетов, но и коалицирање за идните парламентарни избори како албанска опозиција. Алијансата за Албанците ова не го прифати. Ова го кажувам за првпат јавно – вели генералниот секретар на Движењето Беса Аријанит Хоџа во својата колумна со наслов „Честитки за Тетово и порака до Алијансата за Албанците“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Хоџа пишува: „Уште во моите настапи во текот на предизборната кампања јас спомнав дека победата во Тетово ќе биде палење на пламенот кој ќе ја донесе политичката ротација за Албанците во Македонија.“
Посакувам овие локални избори во Тетово да им послужат за размислување на оние кои изгубија. Сега во наши раце е ние да ги направиме промените. Во едно нешто сме сигурни: со или без соработка никој нема да може да го сопре воздигнувањето на Движењето Беса на заслуженото место, на местото на претставувањето на Албанците во сите институции на државата.“„Позитивниот резултат им припаѓа на тетовци. Победата сегашна и идна им припаѓа на сите Албанци.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.