Поранешниот амбасадор Мухамед Халили вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека црната дамка не било отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, туку изјавите на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова дека нема понатамошна интеграција на Македонија во Европската Унија доколку пред јуни не бидат ставени Бугарите во македонскиот Устав.

Според него, и во Бугарија има лица кои се декларираат како Македонци и мора да се признае тоа чувство безразлика дали зависи од бугарскиот Устав.

Тој вели дека за мешање во внатрешноста на државата може да се смета и доаѓањето на бугарскиот премиер Петков во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.