Иако актуелната криза е светска, во Македонија се направени големи грешки. Најпрво треба да се запрашаме дали овој буџет е скроен за поддршка на најпогодените слоеви население, но не тој е скрoeн за да се одржи власта.

Мерките што ги најавува оваа влада нема да може да ги спроведе, убеден е поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Според него, за најавениот ребаланс кој го најавува владата клучно ќе биде дали парите ќе отидат за тие што се најпогодени.

Тие требаше да кажат не само дека 200 милиони евра ќе земат од непродкутивните ставки, туку и да кажат кои се тие ставки и на кои слоеви на сиромашните ќе бидат наменети-вели Хајредини во интервју за „Република“.

Тој посочува дека еден најголемиот проблем за буџетот е превработеноста во јавниот сектор,  на оние со договор за дело, како и за т.н владини пропагандисти.

Дали владата е спремна да излезе и да каже ова ќе укинам, она ќе укинам а не само општо ветуваме за 200 милиони евра -прашува Хајредини.

Хајредини стравува дека најавените 900 милиони евра заем од ММФ ќе биде искористен за како што вели политички мир.

Се им се врти околу мнозинството и да не дојде до вонредни избори кои кај нас речиси стално се редовни-потсетува поранешниот министер.

Оценувајќи ја работата на владата на Ковачевски, Хајредини смета дека таа премногу е насочена кон популизмот.

Велат се грижиме за граѓаните и за народот.Но, што го потенцираат тоа, за кого ќе грижат ако не за народот. Вие се фалите за работи што сте платени да правите-прашува Хајредини.

Тој важи за голем критичар на ДУИ за кој вели дека за жал станува фактор без кој не може да се формира влада.

20 години ДУИ се на власт и никој не одговара за ништо.Обвинители, судии Албанци, ниту еден не може да се замисли да не е од огранокот на партијата. Затоа и довербата во судството е 8 посто. Погледнете како се однесуваат на судења и на рочишта оние што одговараат за малцерзации на изборите.Ги навредуваат судиите, им се закануваат на сведоци, на обвинители и никому ништо-објаснува Хајредини.

Тој нагласува дека е потребно криминалците од ДУИ што се на власт да влезат во затвор и за неколку дена ќе имаме престројување на чесните луѓе и тие ќе излезат од партијата.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.