Сопственикот на весикот „Лајм“ Фејзи Хајдари смета дека е добро што ВМРО-ДПМНЕ пријавува корупција и криминал во договорот за изградба на Коридорот 8. Тој посакува да има што повеќе „вакви ВМРО“ кои ќе пријавуваат криминал меѓу владините функционери, макар тоа да е само кај Албанците.

Не, не, ВМРО не е против САД и Коридорот 8, кога пријавува корупција и други коруптивни и криминални скандали. Дури баш и ми се допаѓа кога пријавува корупциски скандали. Дај боже, што повеќе да имаме вакви ВМРО кое ќе ги пријавува коруптивните афери кај Албанците во власта, вели Хајдари.

Тој го коментира односот на ДУИ кон ВМРО-ДПМНЕ. Спред него, за ДУИ ВМРО е добро само кога е во влада со ДУИ и заедно ги делат бизнисите и му се потсмеваат на народот.

Точно три мандати ДУИ беше на власт со ВМРО, кога се случија монтираните случаи „Монструм“, „Алфа“, „Тепање на ученици Албанци“, „Радишани“, „Палење дуќани и куќи на Албанци во Ѓорче Петров“, енциклопедија и учебници навредливи за Албанците… Добро ли беше тогаш ВМРО? Ја споделувавте ли „шегата“ со оваа партија? Мијалков го нарековте татко. И сега ВМРО е против САД, ЕУ и Коридорот 8?! Не бе?! Кому му продавате пувки, вели Хајдари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.