Демократскиот сојуз го повикува Министерството за образование да ги прекине активностите за менување на наставната програма за шесто одделение и воведување нов предмет историја и општество од следната учебна година кој треба да замени три одделни предмети, историја, географија и граѓанско образование.

Од партијата сметаат дека со механичко мешање на наставните содржини на три различни предмети се маргинализира изучувањето историја, кој е исклучително важен предмет за сочувување и јакнење на националниот идентитет и за формирање на личноста на младите.

Демократскиот сојуз ја осуди оваа контроверзна образовна реформа уште кога беше ненаучно и насилно накалемена од тимот на екс министерката за образование Мила Царовска. Тогаш предупредивме дека експериментот кој преку спојувањето повеќе различни предмети ќе се испробува во Македонија, врз грбот на нашите најмлади, во таква форма не постои никаде во Европа и во цивилизираниот свет кон кој се стремиме“, велат од таму.

Демократскиот сојуз инсистира дека спојувањето на предметот историја со повеќе други предмети, испраќа порака дома и кај нашите соседи дека на Македонците историјата не им е важна, што може да се сфати како сечење на корените на македонскиот народ и обид за негово бришење од картата на народите, поради што мораме да бидеме внимателни, додаваат од Демократскиот сојуз.

Потсетуваат дека „бевме сведоци на неспособност на министерството да подготви учебници според новата наставна програма а видовме и печатење нови учебници со скандалозни грешки. Во учебникот за историја и општество за петто одделение, на пример, беа погрешени страните на светот каде што пишуваше дека источен сосед ни е Албанија, а западен Бугарија и дека Монт Еверест е висок 29 илјади метри, наместо 8 илјади“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.