Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби е убеден во квалитетот на предложените имиња за новиот состав на Владата за исполнување на нејзините цели.
Учествував во програмата, ја пишувавме заеднички се до вчера. Многу сум задоволен од програмата и сум убеден дека новиот состав ќе ја продолжи работата на досегашниот состав и ќе ја имплементира целосно – истакна Груби.
Во врска со нови вработувања во државни институции и огласите што се објавуваат, Груби одговори дека во јавната администрација ќе има вработувања се додека има потреба.
Има огромни потреби и недостигања во државната управа. Институциите кубурат од недостиг на луѓе зашто заминуваат во приватниот сектор или избираат други опции за нивната кариера. Има потреба, има буџетски средства и не се работи за нови вработувања, сите тие се или поради пензионирања или заминувања. Министерството за финансии има законски пречки да даде други согласности ако не се пензионирани случаи или коишто заминале – додава Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.