Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, на која, како што соопштуваат од министерството, разговарано за досегашниот тек на преговорите со Бугарија, потребата од нивно динамично продолжување со уште поконструктивен пристап со цел деблокирање на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, како и за билатералните проекти кои ќе ги продлабочат добрососедските односи.

Како што информираат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Груби на бугарскиот европратеник му ја истакнал решителноста и непоколебливоста на земјата на патот на евроинтеграциите и го информирал за унапредувањето на работниот процес за реализација на Коридорот 8 „најголемиот инфраструктурен проект што поефикасно ќе ги поврзе двете земји“.

Европратеникот Ќучук му ја пренел на Груби неговата посветеност за континуираното лобирање за геополитичката важност на интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Двајцата соговорници на крајот на средбата изразиле оптимизам за европската перспектива на Македонија и за прогресивниот развој на двете земји



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.