Вицепремиерот Артан Груби веќе почнал да ги гаси светилките во своето министерство, а синоќа ги проверувал и другите дали штедат. Тој дури и откри дека вчера вечерта направил обиколка на неколку министерства и државни институции за да види дали се почитуваат препораките на владата за штедења на струја. Собранието, Владата, МНР… се придржувале до упатствата. Единствено министерот за екологија Нуредини не ги опоменал своите да изгасат, па тоа го стгорил Груби.

Тој ги повика и граѓаните ако забележат непочитување на овие препораки да пријават.

Во однос на обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека се трошат по 100 илјади евра на дена за Саемот на вино во рамките на Отворен Балкан, Груби рече дека патувањето до таму не е голем трошок бидејќи е блиску, но и дека не се заминати голем број на министри.

Исто така, потенцираше и дека тоа е настан од огромно значење бидејќи се организира Саемот за вино и истовремено се потпишуваат многу важни договори и меморандуми во рамки на Отворен Балкан. Во Белград трае третиот ден од саемот винска визија на кој се претсавуваат 42 винарии од земјава и три детилерии. За денеска е најавено доделувањето на виснки трофеј за вината направени од автохтони сорти од Балканот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.