Заменичката на претседателот на Владата, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ќе побара објаснување од заменик претседателот на Владата за политички систем, Артан Груби зошто на партиски состанок во петокот во Мала Речица допатувал со службено возило.
Принципот на одвојување на државните и јавните функции од партиските активности е еден од клучните елементи на доброто владеење. Во тој контекст сите функционери во рамките на своите партиски активности не треба да користат државни ресурси, вклучително и службени возила, се вели во одговорот до Мкд.мк од кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики з.а добро владеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.