Целосно е изгаснат пожарот што избувна доцна попладнево во близина на Свети Николе, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот се проширил помеѓу селото Кадрифаково и бензинската пумпа „Мики Петрол“, во правец на ветерниците спроти фабриката „Агриа“, на ридови со висока трева и нискостеблеста шума.

Во гаснењето беа ангажирани пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со подршка од ТППЕ Велес, противпожарното друштво од Свети Николе и екипа на ЈП „Национални шуми“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.