Иницијативите за референдум и прашањето за промена на Уставот се суверена одлука на земјата, вели евроамбасадорот Дејвид Гир, но порачува фокусот да биде ставен на реформите.
– Прашањето за менување на Уставот или за референдум е суверена одлука, не сакам да кажувам што треба да биде направено или не, тоа не е моја работа, но фокусот треба да биде ставен на реформите. Подобро е да се фокусирате на реформите, на нивното усвојување и обезбедување на нивна имплементација отколку да се посветите на други иницијативи кои би можеле да значат чекор назад – рече Гир во вечерашното гостување во централниот дневник на Сител.
Според Гир, добрососедските односи се клучен елемент во пристапниот процес и тоа, како што вели, се однесува на сите земји, а дискусиите за историјата се прашања кои билатерално треба да се решат меѓу две земји.
Во однос на обедувањето на власта и опозицијата за носењето на измени на Законот за формирање на граѓански здруженија, Гир со став дека сето тоа мора да биде усогласено со меѓународните стандарди.
– Вообичаено не коментирам предлози за промени во законите и јавно тоа не е моја работа. Она што е важно, е што и да се направи, тоа мора да биде усогласено со меѓународните стандарди – порача Гир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.