Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека сите работници, вработени во разни сектори во државата кои што ќе протестираат, односно штрајкуваат за повисоки плати ја имаат неговата поддршка.
Во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат, Мицкоски истакна дека во овие тешки економско-финансиски времиња работниците, како и просветните кои што за во понеделник најавија генерален штрајк, мора да добијат финансиска мотивација.
Додаде дека наставниците и професорите си ја сакаат работата и државата и тие посветено работата на едукација и образување на учениците, кои се идни генерации кои што ќе ги предводат општествените процеси, но сепак и тие сите имаат дома фамилии кои од нив имаат некои очекувања и затоа мора да им го овозможиме финансискиот мотив, затоа што само така ќе имаме поквалитетно образование и образование
„Денеска луѓето можете да ги мотивирате, за жал од нешто мора да се живее, финансиски. Да тие си ја љубат својата работа, посветени се, мотивирани се, посебно ете луѓето кои за прв пат ја добиваат можноста за прв пат да учат, да образуваат деца и така натаму. Но, на крајот на денот тие имаат дома свои семејства и тие семејства од нив имаат некакви очекувања да имаат пристоен живот. И ние на ти луѓе треба да им го овозможиме тој пристоен живот, на тој начин ќе го зголемиме нивниот мотив, а со нивниот мотив ќе се зголеми квалитетот“, рече Мицкоски.
Надополни дека со зголемен квалитет во образованието ќе се кое ќе биде многу подобро рангирано на сите ранг листи, како што се рангирањето во Пиза Шангајското рангирање, што би го отворил патот за повеќе директни инвестиции, без разлика дали се странски или домашни и на тој начин луѓето ќе заработуваат пристојно и нема да си заминуваат од Македонија.
„Со вака зголемен квалитет во образованието ќе имаме многу подобро место на сите рангирања, а со многу подобро место и на рангирањето на Пиза и на рангирањето на Шангај ќе имаме повеќе директни инвестиции, без разлика дали се тие домашни или странски, нема луѓето да ни одат ќе ни останат тука и ќе си заработуваат пристојно и нема да ни се празни државата, како што тоа го правата дел од централно европските земји, како што тоа го прави една Словенија и така натаму. Тоа е успешна политика“, истакна Мицкоски.
Мицкоски образложи како платите во образованието, односно на просветните работници во средните и основните училишта, како и во градинките треба да се зголемат согласно колективниот договор и истите треба да бидат нивелирани согласно зголемената минимална плата, затоа што образовниот процес кој што е многу битен за децата започнува во градинките, се развива во основното и на крај се дефинира во средното образование.
„Апсолутно, како што се колективните договори. Мојата сопруга работи во средно училиште, она е класен раководител, платата некаде и е околу 26-27 илјади денари нето. Според колективниот договор кој што треба да се нивелира со овој коефициент еден кој што е еднаков на минималната плата на нејзе, на сите како нејзе професори во средните училиштата, нешто се помали 1, 2, 3, 5 кај основните училишта, платат треба да им биде повеќе од 40 илјади денари. Дали ги заслужуваат? Да заслужуваат, бидејќи образованието е сложен процес. Тоа започнува од предшколската возраст, односно од градинките и по сите социоекономски анализи, кога ќе разговарате со луѓето што се правени секаде од стручни и компентетните лица во светот ќе видите дека, главен фокус на образованието се првите, односно онаа предшколска возраст, уште во градинките, потоа се почетоците во основното образование, па потоа доаѓа среденото образование“, кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.