Другарчиња од СДСМ, тажно е да се гледа како заглибувате во калта на нови лаги и комични манипулации, им порача уредникот Бранко Героски во последната колумна на „Плусинфо“.

После цели седум години неработење, ништо паметно не можете да смислите? После седум години распродавање на македонските национални интереси, вие сериозно мислите да се вадите на овие фејковачи? Тоа е вашата „европска“ иди нина?! Чуму ви е лагата дека постоел некаков „оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести“. Цитирам дајректли фром Бихаќка … Па добро, сериозни ли сте?! Секој што повнимателно ќе ги погледне објавените божемни „документи“, што ги штанца фабриката на СДСМ за лажни вести, лесно ќе сфати дека станува збор за класична измислица, пишува Героски.

Црна е бојата на кампањата на СДСМ.

Црна ќе биде и судбината на оваа екипа на Бихаќка.

Така ќе биде, другарчиња од СДСМ.

Жал ми е, но тоа сè уште е само добрата вест. Имам и лоши вести за вас. Но, за тоа во некоја друга (не)прилика …, пишува тој.

Целата колумна на „Плусинфо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.