Македонците знаат како е да бидеш оставен на цедило од ЕУ и од НАТО. И затоа од нив не може и не треба да се бара да навиваат за Украина и против Русија, дотолку повеќе што тоа навивање е безначајно и ќе се доживее само како една мала, комична епизода во процесот кој порано или подоцна повторно ќе се фокусира на потрага по мир во Украина, пишува во својата последна колумна новинарот Бранко Героски.
Да бидеме искрени, вели тој, во досегашните преговори на мирот во Украина и не му беше дадена вистинска шанса, за што не е виновен само Путин.
И затоа, македонските официјални личности ќе ги исполнат своите политички обврски кон НАТО и ќе ја осудуваат агресијата, некои јавни личности ќе се натпреваруваат гласот на осудата да биде што посилен, но мнозинството Македонци ќе се молат војната во Украина да заврши што побрзо, со примирје и со траен мир, а последиците од ова лудило врз светската и врз европската економија да бидат што помали.
И луѓето што владеат со Македонија треба добро да размислат за овие две истражувања, изработени во соработка со германската фондација Конрад Аденауер (значи, не се платени со рубљи или со форинти, тоа да биде јасно). Тие покажуваат дека Македонците полека „стареат“ и како такви ја перцепираат светската геостратегија и местото на Македонија во „големата слика“. За жал, „староста“ (да не речам зрелоста, тој збор ми звучи претенциозно), Македонците ја дочекуваат обезмоќени, уценети, изневерени, излажани, депресивни и дефинитивно неспремни да веруваат во нови бајки, пишува Героски.
Целата колумна тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.