Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок смета дека Македонија не треба да го испушти модификуваниот француски предлог како шанса за одблокирање на европскиот пат на нашата земја.

Западниот Балкан е во срцето на Европа и блиску до моето срце. Неговата иднина мора да биде во ЕУ. Компромисот презентиран од француското претседателство за почеток на пристапните преговори со Македонија е шанса што не треба да се пропушти, напишала Бербок на Твитер.

 

 

Шефицата на германската дипломатија додала дека искористувањето на оваа можност е од врвен стратешки интерес и на ЕУ и на Македонија.

Сега е момент да се придвижиме напред, појаснила Бербок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.