Пратеничките групи на ГЕРБ и ДПС до канцеларијата на Народното собрание доставиле два проекта за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје. Како што објави бугарската БГНЕС документот на ГЕРБ е наречен „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачката рамка и нацрт-заклучок на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. Предлог-одлуката, според натписот, е поднесена утрово.

Документот на ДПС, „Предлог-одлука поврзана со одобрување од страна на француското претседателство на нацрт-преговарачката рамка за преговори за членство на Република Македонија и Албанија во ЕУ“, беше поднесен синоќа, аистиот беше најавен од страна на лидерот на партијата Мустафа Карадаи по гласањето за недоверба со кое беше соборена владата на Кирил Петков.

БГНЕС пишува дека францускиот предлог се состои од три независни елементи, кои само во сет можат да одговорат на прашањето дали РСМ е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, ни кажува дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и чекори кои Скопје мора да ги исполни за возврат да се укине ветото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.