Љубчо Георгиевски во емисијата 24 Отворено истакна дека Бугарите заедно со партизаните учествувале во ослободувањето на Скопје. Вели дека има структури во македонската историографија кои не дозволуваат историски да се зближиме.

– Дали бугарската војска после 9 септември е направен државен удар и фашизмот се заменува со комунизмот, каде главни се комунистите. од тој момент, бугарската армија под контрола на СССР ја менува страната и настапува кон Југославија во препречување на патот на армиските германски групи Е кои се повлекувале од Грција. Дали Бугарите учествувале во таа битка, тоа не е идентитеско прашање. Се работи за техники податоци и идеолошко прашање. Бугарија има извршено окупација на јужна Србија во војната каде граѓаните се јужносрбијанци. Бугарија била во сојуз со фашизмот и тоа треба да се дефинира така. Имаме ситуација која диктира што се случувало на 13 ноември. Фашистите во Скопје тогаш се германците и албанските балисти. Надвор од градот биле македонските партизани и бугарската прва армија. – вели Георгиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.